209
Како и што беше најавено, Моисе Кин од Јувентус ја засили екипата на Фиорентина.
Напаѓачот не беше во плановите на Тијаго Мота за новата сезона, а и во минатата сезона кај Алегри не добиваше поголема минутажа.
Во таква ситуација Јувентус инсистираше да го продаде и на крајот заработи 13 милиони евра од играч на кој не сметаше.
„Едвај чекам да започнам со тренинзи. Разговарав со соиграчите и возбуден сум поради новата авантура“, изјави Кин.