288
Поранешниот шпански напаѓач, Фернандо Торес продолжува да напредува во тренерската кариера, во следната сезона ќе го води Б тимот на Атлетико Мадрид.
Торес денеска ставил потпис на договор со Атлетико Мадрид и наскоро ќе почне со работа.
Тој претходно го водеше тимот на Атлетико Мадрид до 19 години.
Торес како фудбалер излезе од школата на Атлетико Мадрид, за кој дебитираше во сениорска конкуренција. Таму играше од 2001 до 2007, па од 2015 до 2018 година.