Фаџоли советуваше студенти: Ако заработувате 1.200 евра и 1.000 евра трошите на коцка…

by bojan
1 минути читање
Фаџоли

Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли говореше отворено за својата завист од коцкање пред околу 300 студенти, порача дека се обложувал многу, но одби да открие колку пари изгубил.

23 годишниот Николо Фаџоли во октомври доби седуммесечна суспензија откако призна дека се обложувал на фудбалски натпревари.

Како дел од казната, фудбалерот на Јувентус треба да разговара со млади луѓе, да им го сподели своето искуство и натој начин да ги одврати од коцкање.

Италијанецот денеска се појавил во Техничкиот Институт во Груљаско и пред околу 300 студенти раскажал за своите маки.

„Жалам за тоа што го правев. Јувентус секогаш беше при мене. Сите, клубот, тренерот и моите соиграчи“ – вели Фаџоли.

„Секако дека не беа среќни, но ми помогнаа да излезам од проблеми. Клубот знае дека учам од моите грешки“.

Тој одбил да откри колку точно изгубил на коцка, но призна дека изгубил околу 5.000 евра на еден облог.

„Заработував убаво и се обложував многу. Но секој што заработува 1.200 евра месечно и 1.000 евра троши на коцка, ја има истата завист како мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани