Фабрегас си направил бизарен проблем – должи 36.000 евра за наплатена кирија!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер, а денес тренер во Комо, Шпанецот Сеск Фабрегас се соочува со проблем поради неплаќање на кирија станот во кој живеел.

Фабрегас и сезонава го води Комо со кој во минатата сезона се избори за промоција во најсилната италијанска конкуренција и сега неговиот тим е дел од Серија А каде што по четири кола имаат два бода и се наоѓаат на 18. позиција.

Сега Шпанецот мора да мисли и на ситуација надвор од теренот бидејќи сопственикот на станот го тужи за долг од 36.000 направен со неплаќање на станарина.

Инаку, Фабрегас откако е во Комо престојува во Швајцарија во град одалечен 25 километри од Комо. Рочиштето на кое треба да се појави Фабрегас е закажано за следната недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани