Комо синоќа се соочи со реалноста откако загуби убедливо на гостувањето кај Јувентус со 3-0, до крајот на преодниот рок има уште десетина дена, па Сеск Фабрегас во овој период ќе се обиде да издејствува уште некое засилување.
Според тоа што го прикажа, Комо не само што не може да биде во првиот дел од табелата во Серија А, туку тимот ќе се бори за опстанок. Со цел да не се случи тоа, Фабрегас сака уште некое засилување.
Според Фабрицио Романо, Комо се обидува да го ангажира младиот играч на Реал Мадрид, Нико Паз.
Преговорите се веќе почнати, се работи за перманентен трансфер, но Реал Мадрид ќе има бај-бек клаузула, односно за одредено обештетување кое ќе биде договорено, да има право да си го врати назад.
Сеск Фабрегас сака да го засили средниот ред со Паз, па и тој е инволвиран во преговорите.