Фудбалскиот клуб Комо е на само чекор до пласман во калчо-елитата, што би значело враќање во Серија А првпат по сезоната 2002/03.
Комо е клуб кој од клупата го води Осиан Робертс, меѓутоа тој е преодно решение бидејќи шпанската фудбалска легенда Сеск Фабрегас нема соодветна лиценца и работи на добивање на истата. Сепак, Фабрегас е дел од стручниот штаб.
Инаку оваа екипа е второпласирана и на коло пред крајот е во поволна позиција да си обезбеди директно место во елитата. За такво нешто на Комо му е потребна домашна победа над Косенца или пак реми, но во случај Венеција да не ја победи Специја.
Сигурен кам-бек во елитата си обезбеди екипата на Парма која го потврди првото место, додека за второто директно место се борат Комо и Венеција.