Ако беше иненадување веста дека Еду Гаспар заминува од Арсенал, што да се каже за изборот на неговиот клуб.
Последните информации од Англија говорат дека Бразилецот го напуштил Арсенал за да оди во Нотингем Форест.
Се шпекулираше дека можеби Еду заминува поради проблем во внатрешноста на клубот, меѓутоа изгледа дека добил богата понуда од Гркот, Евангелис Маринаикс кој е сопственик на премиерлигашот и Олимпијакос.
Според информациите Еду би требало да биде главна фигура во клубовите под водство на грчкиот бизнисмен. Покрај споменатите два, Маринакис раководи и со португалскиот Рио Аве.
Во Нотингем тој наводно добил трипати поголема плата, но и повисока функција. Неговите примања во Арсенал не беа познати за јавноста, меѓутоа сигурно не биле мали.
Бразилецот во претходната година изгради цврсто реноме во светот на фудбалот и важеше за еден од најдобрите спортски директори во светот. Во Арсенал пристигна во 2019 година.