253
Фудбалерите на Унгарија во драматичен финиш ја совладаа Шкотска со 0-1 и си обезбедија шанса да останат во игра за осминафинале на Европското првенство.
Со голот на Кевин Чобот во десеттата дополнителна минута од натпреварот Унгарците дојдоа до победата. Со овој погодок Унгарецот влезе во фудбалската историја.
Голот во 100. минута од натпреварот беше најдоцна постигнат во историјата на Европските првенства.