Ултрасите на Милан го прекинуваат бојкотот поради Жиру, Кјаер и Пиоли

by Стефан
4 минути читање

Во сабота Милан го игра последниот натпревар во сезоната на домашен терен против Салернитана, а во овој натпревар најверните навивачи на Милан ќе го прекинат бојкотот со цел да ги поздравите членовите кои ја минуваат последната сезона во Милано.

Ултрасите на „росонерите“ беа во бојкот поради амбициите на управата и намерите да се доведе Лопетеги со кого тие не се согласуваа, па ги бојкотираа домашните натпревари.

Сепак, сега тие се одлучија за овој, последен натпревар да направат исклучок и да се појават на трибината за да ги поздрават Оливие Жиру и Симон Кјаер кои сигурно наредната сезона нема да бидат во клубот. Исто така се очекува ова да е последен натпревар на клупата за тренерот Пиоли.

Според најавите во првото полувреме ќе има молк од нивната трибина, додека во вториот дел ќе се вратат на скандирањето, а ќе се истакнат и знамиња и транспаренти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани