Натпреварот меѓу Динамо Киев и Партизан заврши со убедлива победа на Украинците од 6-2, во рамките на второто коло од квалификациите на Лигата на шампионите.
Поради фактот дека Србија е поддржувач на Русија, уште пред мечот имаше коментари и реакции. Тренерот на Динамо ги осуди Србите, а неговите најави се исполнија.
Играчите на Динамо Киев пред мечот излегоа со украински знамиња, а несакајќи да се ракуваат со играчите на Партизан – покажаа само тупаница и на тој начин се поздравија со ривалот. Исто така, на теренот капитенот на Динамо, Бујалски само го игнорираше Марковиќ за време на поздравувањето со судиите.
Ситуацијата продолжи и по натпреварот, бидејќи на прес-конференцијата на тренерот Олександр Шовковски, српски новинар побарал превод на англиски, меѓутоа не го добил тоа. Присутните не сакале да ја преведат изјавата на украинскиот тренер, а тоа е спротивно на правилата на УЕФА.
Останува да се види дали ќе има реакција од страна на Европската фудбалска куќа.