Ужасни вести за Реал: Крај на сезоната за Карвахал! (ФОТО)

by riste
8 минути читање

Дани Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, наскоро врз него ќе биде направена операција по што ќе започне долгиот процес на рехабилитација.

Карвахал се повреди во самиот финиш од натпреварот против Виљареал, на минута до крајот од судиското продолжение. Веднаш се знаеше дека се работи за сериозна повреда, нешто што подоцна беше и потврдено.

Самиот Карвахал преку социјалните мрежи ја потврди тешката повреда.

„Сериозна повреда на вкрстените лигаменти е потврдана, ќе имам операција и ќе бидам надвор од теренот неколку месеци. Веќе гледам позитивно кон почетокот на опоравувањето и ќе се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките, се чувствувам сакано“, рече Карвахал.

Ова е сериозен удар за Реал Мадрид, Карвахал е еден од клучните фудбалери во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани