УЕФА официјално предупреди, Англија може да остане без организација на ЕП 2028!

by 24 фудбал
1 минути читање

Следното Европско првенство во 2028 година ќе се одржи во државите на Обединетото Кралство и Република Ирска.

Иако домаќинството е доделено, УЕФА ѝ упати „закана“ на Англија дека може да остане без организација на првенството.

Причината за официјалното писмо кое УЕФА го испрати до Фудбалскиот сојуз на Англичаните е за мешање на политиката во спортот. Имено, во Англија се подговува фудбалски регулатор со државни закони, а тоа е спротивно на правилата на УЕФА.

Поради тоа, Европската фудбалска федерација испрати еден вид на опомена, ако во Англија се формира тело кое ќе биде политички водено, а би имало функција да ги надгледува клубовите од прва до петтта лига.

Доколку такво тело се формира, УЕФА најави реперкусии и дури одземање на домаќинството на ЕП 2028.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани