УЕФА објави зошто Словенија заврши трета, а Данска втора – причината е поразлична од тоа што сите мислеа!

by riste
1 минути читање

Данска и Словенија имаа неверојатно израмнета статистика, ист број на бодови, дадени и примени голови, фудбалерите нивни добија и ист број на жолти картони, па се чинеше дека пласманот во квалификациите е причината за распределбата на позициите.

Сепак не е така, Словенија има еден жолт картон повеќе од Данска на Европското првенство. А тоа е жолт картон кој никој не го броеше вчера.

Жолтиот картон го има добиено асистентот селекторот Кек, Миливоје Новаковиќ. И поради тоа Словенците имаа седум жолти картони, а Данците шест. Тоа е причината зашто Словенија заврши на третото место.

УЕФА дури еден ден по натпреварот ја објави причината, доколку соопштеше веднаш по натпреварот, ќе ги скратеше сите дилеми и пресметки кои се правеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани