На само десет дена пред почетокот на Европското првенство, организаторите на натпреварувањето ќе мораат да решаваат судски спор поради употребата на ВАР при офсајдите.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се соочува со тужба поради употреба на ВАР технологијата при офсајд позициите. Холандската фирма „Балино“ поднесе тужба поради кршење на патентот против УЕФА и германскиот „Кинесон“ поради неовластено користење на нивната технолгоија, пренсува „Сан“.
Во тужбата од „Болино“ се наведува дека тие добиле патент за „метод и систем за откривање на офсајд“ уште во 2011 година. Судењето треба да започне во Хамбург, а се пренесува дека оваа ситуација не би требало да влијае на финалето од Лигата на шампионите во кое на 1. јуни ќе играат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Сепак, во текстот се наведува и дека УЕФА наводно не е толку загрижена и верува дека може да го добие спорот.