Италијанскиот прволигаш Удинезе го промовира новиот тренер кој ќе го наследи Фабио Канаваро, кој пак имаше кратка авантура на клупата на клубот од Удине.
Новиот предводник на калчолигашот е изненадување, бидејќи го промовираа Коста Руњајиќ за шеф на стручниот штаб. Станува збор за 53-годишник кој е роден во Виена, има австриско и германско државјанство, но според презимето и балкански корени.
Изненадувачки е бидејќи Руњајиќ досега нема искуство во најсилните лиги на светот. Тој доаѓа во Удинезе откако од 2022 година досега работеше во Легија Варшава, а претходно мина пет сезони на клупата на Погон Шчечин. Руњајиќ има искуство и во Германија каде што ги водеше 1860 Минхен, Кајзерслаутерн, Дуизбург и Дармштад, а на почетокот на кариерата работеше во нисколигаши.