Убедливи победи на Арсенал и Ливерпул во Лига купот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од англискиот Лига Куп вечерва се одиграа два натпревари во кои Арсенал и Ливерпул славеа победи со по 5:1 против Болтон и Вест Хем.

Победата избраниците на Артета ја најавија во првиот дел кога постигнаа два погодоци преку Рајс и Еванвери со кои заминаа на пауза со 2:0. На стартот од вторито дел Енвавери постигна уште еден гол за веќе водство од 3:0.

Голот за утеха за Болтон беше дело на Колинс, а Стерлинг и Хаверц ги поставија конечните 5:1.

Вест Хем против Ливерпул прв дојде до предност, но потоа прими пет погодоци. Куансах си постигна автогол во 21. минута, четири минути подоцна Жота изедначи на 1:1.

Во вториот дел Жота постигна уште еден погодок, еден постигна Салах и двапати стрелаше Гакпо за 5:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани