Претседателот на Фудбалската федерација на Јужна Африка (САФА), Дени Џордан е уапсен во средата поради обвинение за финансиска проневера.
73-годишникот кој ја води работата во јужноафриканскиот фудбал е обвинет за користење на парите на сојузот за лични цели. Според локалните медиуми, Џордан е уапсен со тие обвиненија. До него дошло по полициска акција годинава, направени се претреси во просториите на федерацијата, па се утврдени аномалии.
Се работи за периодот од 2014 до 2018 година, кога Дени Џордан често ги користел средствата на фудбалскиот сојуз за лични потреби. Се работи за сума од 3,1 милиони ранди, односно околу 160.000 евра.
Инаку, Дени Џордан беше претседател на федерацијата во периодот кога ЈАР го доби домаќинството за Светското првенство во 2010 година.