Томас Тухел ќе го наследи Герет Саутгејт и неговата привремена замена Ли Карсли на клупата на репрезентацијата на Англија. По новото загубено финале на Европските првенства селекторот си поднесе оставка, а Англичаните не брзаа во изборот на неговта замена.
По официјалната промоција на клупата, Тухел ги сподели првите импресии и амбиции со „Гордиот Албион“.
„Одамна чувствувам лична врска со фудбалот во оваа земја, тука минав некои неверојатни моменти во кариерата. Огромна привилегија е што добив прилика да бидам селектор на Англија. Оваа е можност за работа со посебна и талентирана група на играчи, тоа ме возбудува. Ќе направиме сè за Англија да биде успешна, а навивачите горди. Сакам да се заблагодарам на раководството на ФА за довербата, се радувам на нашата нова соработка“, изјави Тухел.
Договорот на Томас Тухел како селектор на Англија започнува на 1 јануари 2025 година, а ќе важи до после Светското првенство во САД 2026.