Тухел: Не ми се верува… треба да имате мад*ња да кренете офсајд во ваква ситуација

by bojan
2 минути читање
Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел упати критики на адреса на судиите откако во последните секунди од мечот беа спречени да постигнат гол за 2-2 и продолженија.

Реал Мадрид синоќа направи нов кам-бек за паметење, откако со два гола во три минути во финишот од мечот, се вратија од гол негатива и го победија Баерн Минхен за финале во Лигата на шампиони.

Но гостите се бесни откако во последните секунди од мечот Де Лихт ја затресе мрежата за 2-2, но голот не важаше со оглед на тоа дека главниот судија неколку секунди претходно свирна офсајд на асистенција на неговиот помошник.

Офсајд позицијата не беше толку чиста, ВАР не може да се активира чим судијата ќе свирне, па „баварците“ се бесни како можеше ова да се случи.

„Мислам дека ова се коси со насоките и правилата во модерниот фудбал. Прво погреши помошникот што го крена знаменцето. Не ми се верува… треба да имате мадиња да кренете офсајд во ваква ситуација. Тоа е огромна грешка. Главниот судија имаше можност да не свирне и да почека 5 секунди, но за жал свирна. Ова е против сите насоки и правила. Се помируваме со поразот, но вакви работи не смеат да се случуваат, и верувам дека истово немаше да се случи доколку беше обратна ситуацијата“ – вели Томас Тухел.

„Судиите потоа се извинија, но немаме многу аир од тоа. Ова е полуфинале во Лигата на шампиони и нема простор за вакви грешки. Судиите мораат да бидат на највиско ниво, мораат да бидат на врвот од своите перформанси. Кога влогот е настап во финале, што ако се извинат?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани