Томас Тухел и Маурисио Покетино се две од имињата кои се поврзуваа со Манчестер јунајтед, но ниту еден од нив нема да биде наследник на Ерик тен Хаг.
Манчестер јунајтед уште не му врачил отказ на Ерик тен Хаг, но шпекулациите за нов тренер не престануваат.
Томас Тухел нема да биде новиот тренер, Германецот имал неколку состаноци со Манчестер јунајтед, но одлучил да не ја прифати понудата, планира една година да се одмори, а потоа да се врати на работа.
Маурисио Покетино исто така беше еден од кандидатите, но информациите велат дека ниту тој нема да биде тренер на Јунајтед.
Како фаворит во моментов се истакнува Роберто Де Зерби кој замина од Брајтон, но уште нема нов ангажман иако се поврзуваше со повеќе клубови.
Дел од членовите на бордот го сакаат и англискиот селектор, Герет Саутгејт, но засега тој е втора опција.