217
Фудбалерите на Унгарија својот настап на Европското првенство го завршија уште во неделата, со победа над Шкотска изборена по 100 минути игра (0-1) останаа во трка за осминафинале.
Чекаа Унгарците три дена да се комплетира групната фаза, со надеж дека никој нема да ги исфрли од групата на третопласирани репрезентации и добро им одеше. Ги „преживеаја“ првите два дена, а потоа шокот пристигна кога најмалку очекуваа.
Грузија ја шокира фаворизираната Португалија, победи со 2-0 и со тоа дојде до 4 бода со кои се етаблира на табелата на третопласираните како безбедна. На својот дебитантски настап Грузијците ќе играат осминафинале и тоа на сметка на Унгарија која по три дена бадијала чекање ќе се врати дома.