121
Третото коло од Втората македонска лига ќе донесе и еден новитет за овој ранг од македонскиот фудбал бидејќи ќе гледаме натпревар под рефлектори.
Беласица в недела од 20:00 часот ќе го пречека Охрид под рефлектори, а причината е роденденот кој го слави струмичкиот клуб.
Раководството на клубот сакајќи во што подобра атмосфера да го прослави 102. роденден одлучи овој дуел да се игра во вечерен термин и ги повика навивачите да дојдат во голем број.