Трета генерација Малдини во репрезентацијата, Даниел дебитира на исто место како Паоло!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трета генерација од семејството Малдини во репрезентацијата на Италија, откако 23-годишниот Даниел дебитира во сениорската селекција на Лучијано Спалети.

Даниел Малдини со одличните партии за Монца се наметна и доби дебитантски повик, а во победата над Израел доби и шанса за да впише први минути. Третиот Малдини во репрезентацијата на Италија влезе во игра во 73. минута и го доигра дуелот против Израелците.

Симболично, дебитантскиот настап на Даниел Малдини беше на исто место како оној на неговиот татко Паоло во 1988 година – на култниот „Фриули“ во Удине. Поодамна своето деби во националниот дрес Чезаре Малдини го имаше во 1960 година, а Паоло и Даниел ја продолжија традицијата…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани