65
Италијанскиот клуб Лече го отпушти тренерот Лука Готи по ремито на овој клуб со Емполи (1:1).
По 12 натпревари Лече освои само девет бода и клубот одлучи да го промени стратегот. Во овој момент тимот е на 18. место на табелата и зад него се само Венеција и Монца.
Во таква ситуација зависи од резултатите во ова коло би можел да падне и на дното.
„Лече информира дека господинот Лука Готи е разрешен од должноста тренер на првиот тим. Благодарни сме му за работата и професионализмот што ја покажа и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави Лече.
На клупата на Лече Готи пристигна во март.