101
18-годишниот син на Златан Ибрахимовиќ за првпат во својата кариера доби повик во јуниорската шведска репрезентација.
Летово напаѓачотго потпиша првиот професионален договор со Милан и е дел од младинските категории на „росонерите“.
Селекторот на јуниорската репрезентација на Шведска објасни дека го повикал откако прикажал одлични настапи во таборот на италијанскиот тим.
„Тргна одлично со Примавера тимот на Милан. Ова ќе биде добра можност да го видиме на дело и кај нас“, изјави селекторот Петерсон.
Шведска во наредниот период ќе одигра натпревар против Јапонија и САД.