Трајковски отпадна за мечевите со Летонија и Ерменија, неизвесен е и Чурлинов

by riste
1 минути читање

Александар Трајковски не е подготвен за настап на престојните натпревари на Македонија против Летонија и Ерменија во Лигата на нации, а неизвесно е дали и Чурлинов ќе биде дел од нив.

Трајковски веќе извесно време поради повреда не е дел и од тимот на Хајдук, тој треба наскоро да се врати во игра, но не е максимално подготвен за дуелите на Македонија.

„Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи“, велат од македонската репрезентација.

Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е дали Чурлинов ќе се приклучи на македонската репрезентација. Тој се повреди на вчерашното дерби меѓу Јагелонија и Легија.

Засега селекторот Милевски нема да испрати дополнителен повик до други играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани