Трансферот на Фофана во Грција пропадна, но Челси експресно пронајде ново решение

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Челси, Датро Фофана важеше за сигурно засилување за грчки АЕК, но тој трансфер пропадна. Сепак, Челси на крајот успеа да се ослободи од уште еден играч.

Фофана место во Грција во новата сезона ќе игра во Турција. Новиот турски суперлигаш ги израдува навивачите со потписот на напаѓачот кој не се снајде во Челси.

Во договорот на Фофана има и клазула според која клубот од Измир може да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра, но исто така и Челси може да го врати за одредена сума.

Пред да пристигне во Челси, Фофана импресионираше во Молд, но на „Стенфорд Бриџ“ не се снајде, па беше испраќан на позајмици во Унион Берлин и Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани