207
Според „Газета дело Спорт“, Тотнем направил контакт со Јувентус за ангажман на Федерико Киеза.
Јувентус го продава Киеза, а досега како фаворит за неговиот потпис се споменуваше Рома иако фудбалерот се поврзуваше и со други клубови.
Последните информации говорат дека Тотнем се приклучува во трката за Киеза и веќе преземал конкренти чекори.
Во последните години Тотнем и Јувентус имаат неколку успешни зделки, па англискиот клуб сака да го искористи добриот однос и за реализација на овој трансфер.