Италијанската фудбалска икона Франческо Тоти имаше интересен разговор кој го привлече вниманието на јавноста, а особено на фановите на Рома.
48-годишникот зборуваше за можноста повторно да игра фудбал, иако професионалната кариера ја заврши пред седум години.
„Имаше клубови од Серија А кои ме бараа. Признавам дека ме тераа малку да размислувам. Тешко е да се исполни, но никогаш не вели никогаш. Има играчи кои играле многу години по завршувањето на кариерите. Зависи и каде би настапувал, но ако би се вратил во Серија А би морал многу добро да тренирам. За два-три месеци би бил подготвен. Уште играм фудбал и со 48 години. Половина час, дваесетина минути… Ако би направил нешто така лудо, тоа би било само во Италија, не во странство“, изјави Тоти.
Во разговорот Франческо Тоти откри дека никогаш во животот не би заиграл за Лацио, а призна и дека имал понуда од Интер по крајот на кариерата.