323
Екипата на Тотенхем преговара со РБ Лајпциг за услугите на Тимо Вернер.
Германскиот напаѓач минатата полусезона ја мина на позајмица од германскиот тим во Лондон. Сега „петлите“ сакаат да го задржат фудбалерот како позајмен барем уште една сезона. Тотенхем ги презентирал истите услови пред Лајпциг за потписот на Вернер на уште 12 месеци.
Според Фабрицио Романо, Германецот се очекува да остане во Лондон и следната сезона.
Вернер пристигна во Тотенхем во јануари на позајмица до крајот на оваа сезона. По доаѓањето тој собра само 14 настапи, даде два гола и три асистенции, а потоа се повреди. Сепак, веројатно нова шанса за докажување во Премиер лигата Вернер ќе има следната сезона.