274
Англискиот премиерлигаш Тотенхем откри дека се разделува со Танги Ндомбеле.
Фудбалерот за врска од Франција и „петлите“ го раскинаа договорот кој имаше важност до следното лето. Ндомбеле ќе биде слободен во изборот на нов клуб, а веќе некое време е познато дека Тотенхем го нема во плановите. Клубот досега го позајмуваше во Лион, Наполи и Галатасарај.
Иако во 2019 година Ндомбеле пристигна од Лион за сума од 65 милиони евра, не се наметна во Лондон, одигра 91 натпревар и даде 10 гола. Сега играчот за врска е во потрага по нова средина, а тоа што е слободен е олеснителна околност.