Тодороски повторно херој за Спартак, со два гола донесе победа

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски одигра одличен натпревар за Спартак Суботица и ги постигна двата погодоци во победата од 2:0 против ИМТ.

Натпреварот Тодороски го отвори по 14 минути игра, а точка стави во 57. минута од средбата.

За Спартак ова беше втора победа за Спартак сезонава во првенството и за двете беше заслужен Тодороски. Во четвртото коло го постигна единствениот гол на натпреварот против Раднички.

Со овие два гола, Тодороски дојде до три погодоци во сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани