109
Натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар имаше скандалозен крај откако беше поништен погодок на домаќините, помошникот судија Гоце Петрески беше удрен со тврд предмет, по што Александар Ставрев предвреме досуди крај.
Бурата настана кога помошникот одлучи да го поништи голот на Тиквеш. Од повторената снимка се гледа дека офсајд немаше, а ниту игра со рака од стрелецот на голот за кавадаречкиот тим. Ситуацијата беше чиста, домаќинот е оштетен.
Вакви ситуации ќе нема во македнската лига доколку имавме ВАР, но ние останавме една од малкуте земји кои уште немаат воведено видео технологија.