Реал Мадрид изненади многумина минатото лето кога го засили нападот со ветеранот Хоселу од Еспањол.
Сепак, 34-годишниот напаѓач се покажа како одличен „џокер“ во сезоната на „кралевите“. Тој беше вистински херој во полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен кога даде два одлучувачки гола. Поради тоа Реал реши да го откупи неговиот договор ова лето.
И покрај тоа, сè уште не е познато дали Хоселу ќе остане во Шпанија. За искусниот напаѓач постои голем интерес од Саудиска Арабија каде што без сомнеж би го добил најбогатиот договор во кариерата. Одлуката е на Хоселу, треба да се реши дали ќе остане резерва во Реал (доаѓаат Ендрик, Мбапе, а тука се Родриго, Винициус…) или пак ќе замине по арапските милиони.