297
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг смета дека селекторот на Англија, Герет Саутгејт се коцкал со тактиката која ја одбрал против Србија.
Англија тргна фуриозно, поведе со 1-0 со гол на Белингем, а потоа се откажа од напаѓање, играше главно на средината на теренот, дозволи Србија да игра, но не и да креира шанси.
Фактот што Англичаните не тргнаа одлучно по втор гол и ја смирија играта, за Тен Хаг е коцкање.
„Тоа е визија на селекторот. Англија поведе со 1-0, а а потоа Саутгејт одлучи да почне да се коцка со тоа што го направи тимот компактен и се потпираше на моменти во преостанатиот дел од натпреварот“, рече Тен Хаг.