Mедиумите во Англија објавија дека Ерик Тен Хаг ќе добие отказ без разлика на исходот на денешното финале во ФА Купот против Манчестер Сити. Но, Холанѓанецот имаше поинаков настап на прес-конференцијата пред овој дуел.
Тен Хаг пред новинарите остави впечаток дека е сигурен во својата иднина дека ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед и идната сезона.
Новинарите му поставија прашање дали очекува разговор со раководството околу неговата иднина, а тој одговори.
„Нема потреба од такво нешто, ќе продолжиме следната сезина“, изјави Тен Хаг и така изненади многумина во салата.
Останува времето да покаже дали овие зборови на Тен Хаг се вистини, а ако се тоа нема да ги израдува навивачите кои посакуваат промена. Сезоната во Премиер лигата Манчестер Јунајтед ја заврши на разочарувачкото осмо место, па така доколку денес не победат нема да играат во европските натпреварувања следната сезона.