168
Фенербахче одигра 2-2 на гостувањето кај Гезтепе во меч кој го одбележа голем инцидент во кој настрада првиот човек на Фенербахче, Али Коч.
По првото полувреме Фенер водеше со 2-0 со голови на Џеко и Ен Несири, но во вториот дел домаќините најпрво намалија преку Гунтер, а потоа во 95. минута Ромули даде гол за конечни 2-2.
Во еден момент навивачите почнаа од трибините да фрлаат со разни предмети по Али Коч кој се движеше по страната од теренот. Информациите велат дека Газдата на Фенер сепак бил раскрвавен од човек кој на себе имал акредитација. Напаѓачот брзо бил идентификуван и пронајден.