Иако во финишот на сезоната Тибо Куртоа се врати од повредата поради која паузираше долго време сепак нема да биде дел од списокот на фудбалери за Европското првенство.
Денеска селекторот Доменико Тедеско го објави конечниот список на кој има 25 фудбалери, иако УЕФА дозволува 26.
Изоставувањето на Куртоа од составот веројатно не е поврзано со повредата. Познато е дека белгискиот голман имаше скандал што го откри селекторот во декември минатата година. Тој лани го напушти кампот поради расправија со Тедеско бидејќи не му била доделена капитенската лента.
На списокот немаше место и за долгогодишните репрезентативци Мичу Батшуаи и Дрис Мертенс. Место во нападот добија Лукаку и Опенда.
Европското првенство ќе потсетиме започнува на 14-ти јуни и ќе трае до 14-ти јули.
СПИСОК НА БЕЛГИЈА ЗА ЕП