Тага во Минхен: Баерн се збогуваше со човекот кој помина 17 години во клубот

by Стефан
1 минути читање

Попладнево германскиот гигант соопшти тажна вест,. Томас Вилхеми кој 17 години беше дел од клубот починал на 57-годишна возраст.

Цели 17 години Вилхеми констатно беше дел од најтрофејниот германски клуб, а не се откажа од работата ниту во последните години кога водеше битка со болеста која ја имаше.

Соработуваше со Томас Тухел, но и со други големи тренерски имиња кои го водеа Баерн во минатото: Јуп Хајнкес, Луи Ван Гал, Пеп Гвардиола, Отмар Хицфелд, Јирген Клинскам, Карло Анчелоти, Ханси Флик, Нико Ковач и Јулијан Нагелсман.

„Клубот во моментов е во длабока тага за Томас Вилхеми. Томас го сакаше Баерн и живееше за него и неговата професија: Секогаш имаше прст на пулсот на играчите и во секој момент беше тука за нив, посебно во периодот на повреди кога на врвните спортисти им треба многу охрабрување.

Повеќе од 17 години беше дел од стручниот штаб и сите се потпираа на него. Заслужен е за многу победи и титули освоени во изминатиот период. Томас и неговите човечки и професионални квалитети никогаш нема да бидат заборавени, секогаш ќе е дел од семејството на Баерн“, изјави извршниот директор на Баерн, Јан Кристијан Дрезен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани