381
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казнила Партизан со забрана за регистрација на нови фудбалери во наредните три преодни рока, тоа значи дека нема да можат да прават трансфери до почетокот на 2026 година, објави „Спортклуб“.
Црно-белите казната ја добија затоа што имаат долгови кон нивниот поранешен играч Такуми Асано. Покрај суспензијата Партизан на Асано ќе треба да му плати и 460.000 евра.
Партизан беше во слична ситуација и пред две години кога му должеше пари на швајцарскиот клуб Лугано поради трансферот на ФИлип Холендер, но тогаш брзо реагираа и се спасија од суспензија.