Беше блиску, но не заврши низата без пораз на Манчестер Сити. „Граѓаните“ со гол во 98. Минута го избегнаа поразот во дербито со Арсенал.
Водеше Арсенал денеска на „Етихад“ со 1:2 се до завршницата од натпреварот кога Давид Раја по неколку фантастични интервенции во текот на натпреварот конечно беше совладан
Манчестер Сити прв стигна до водство со голот на Ерлинг Халанд по само девет минтуи игра.
Тој гол не ги откажа избраниците на Микел Артета кој во 22 минута преку Калифиори кој го постигна својот прв гол во дресот на Арсенал израмнија на 1:1. Се играше завршницата од првиот дел кога Габриел погоди и за целосен пресврт.
Сепак, длабоко во продолжението од првиот дел, Тросар заработи втор жолт картон и предвреме беше испратен во соблекувалната.
Парираше Арсенал и со играч помалку одлично на Манчестер Сити, но одбраната попушти во 98. минута кога Џон Стоунс погоди за 2:2.