Судијата го прекина Ел Класико, играчите видно незадоволни, а Анчелоти стана хит! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го доби првото Ел Класико во новата сезона против Реал Мадрид со 2-1. Двоен стрелец за каталонскиот тим беше Пау Виктор, додека за мадриѓани погоди Нико Паз.

Средбата инаку беше прекината по само 11 минути игра, а причината беа временски непогоди. Времето беше толку лошо, врнеше силен дожд, а во близина удираа и громови.

Поради тоа судијата Виљареал во договор со делегатот реши да го прекине мечот. Фудбалерите на теренот беа во бунило и сакаа да продолжат да играат, но мораа да чекаат повеќе од еден час за времето да се смири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани