Екипата на Лацио денеска во завршницата од натпреварот против Монца остана без важни три бода во битката за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Резултатот беше отворен по само 11 минути игра кога Чиро Имобиле ја погоди мрежата на домаќините. Иако до крајот на првите 45 минути видовме по некоја прилика и на двете страни резултатот не се промени, па гостите имаа минимална предност.
Монца не се откажа и во вториот дел, па така на 15-тина минтуи до крајот со голот на Ѓуриќ дојде до изедначување. Весино на седум минути пред истекот на регуларните 90 постигна нов гол за второ водство на римскиот клуб. Кога изгледаше дека Лацио ќе освои важни три бода во битката за ЛШ, Монца со вториот гол на Ѓуриќ во 93. минута дојде до бод.
🇮🇹 Goal: Matias Vecino | Monza 1-2 Lazio
— FootColic ⚽️ (@FootColic) May 4, 2024
It's in the back of the net and Matias Vecino gets on the scoresheet!pic.twitter.com/1QGBabJcqy
На табелата сега Лацио е седми со 56 бода, Аталанта е шеста со 57 бода и два натпревари, додека Рома која утре го натпреварот против Јувентус е на петтата позиција со 59 бода.
Ќе потсетиме, сезонава и петтото место од Серија А обезбедува место во Лигата на шампионтие наредната сезона.
🇮🇹 Goal: Milan Duric | Monza 2-2 Laziopic.twitter.com/hgf9BmUJaV
— FootColic ⚽️ (@FootColic) May 4, 2024