Струга се врати од 2:0, па на сцена стапи Јурај Куцка: На македонскиот шампион ќе му треба чудо реваншот (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Струга Трим Лум на гостувањето во Словачка иако се вратија од 2:0 сепак на крајот претпре пораз кој тешко ќе го надополнат на домашен терен.

Како голем фаворит влезе Слован во овој натпревар и така и започна натпреварот. Владимир Вајс на асистенција на Стрелец го отвори резултатот по само 16 минути игра.

Веќе во 36. минута Мак зголеми на 2:0, а одново репрезентативецот на Словачка, Стрелец беше во улога на асистент.

Не се откажа македонскиот шампион и по 2:0, па се обиде да се врати во вториот дел. По десет минути игра во второто полувреме Бесарт Ибраими од пенал кој самиот го изнуди на мали на 2:1. На 15-тина минути до крајот на средбата, Ибраими постигна и уште еден гол за израмнување на 2:2.

Избраниците на Ќатип Османи сепак не успеаа да го задржат ремито до крајот и во финишот на сцена стапи ветеранот Јурај Куцка кој постигна два гола за Слован да ги врати двата гола предност, На Струга сега ќе и треба чудо во реваншот за седум дена за да го елиминира шампионот на Словачка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани