Македонско шоу во Словенија: Крстовски стрелец за Домжале, Георгиевски даде два гола – едниот од половина терен! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Христијан Георгиевски одигра одличен натпревар за својот нов клуб Нафта и имаше клучна улога во победата во голеадата (5-2) против Домжале во првенството на Словенија.

Георгиевски беше стрелец на два погодоци во мрежата на Домжале. Тој на стартот на второто полувреме погоди за израмнување (2-2) и потоа пресврт на неговиот тим (3-2).

Вториот гол во 49. минута беше вистинска мајсторија, бидејќи Георгиевски погоди директно од слободен удар и тоа од половина терен! По постигнатиот гол Христијан Георгиевски пред камерата покажа кон своето презиме и индиректно порача: „Запаметете го ова име и презиме“.

Освен Георгиевски кој даде гол од пола терен, стрелец на првиот гол на мечот беше напаѓачот Марио Крстовски кој во втората минута донесе 0-1 за Домжале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани