Стразбур му даде отказ на Виеира среде подготовки!

by riste
1 минути читање

Стразбур соопшти дека се разделува со тренерот Патрик Виеира на взаемна согласност.

Виеира минатата сезона го водеше Стразбур, ги почна подготовките и за новата, но не ги доврши, клубот одлучи да се раздели со него.

Стразбур одигра три пријателски натпревари во подготовките со Виеира, загуби со 4-0 од Фенербахче, со 2-1 од Минхен 1860 и одигра нерешено против Волфсбергер од Австрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани