Стерлинг заминува од Челси и се сели во Серија А!?

by riste
0 минути читање

Доаѓањето на Педро Нето во Челси би можело да значи заминување на Рахим Стерлинг, англискиот фудбалер се поврзува со трансфер во Јувентус.

Челси наскоро треба да го комплетира трансферот на Нето од Вулвс, но сините имаат преголем состав, па веројатно ќе продадат дел од своите фудбалери.

Според Џанлука Ди Марцио, Јувентус се распрашувал за Стерлинг, италијанскиот гигант е подготвен да го ангажира Англичанецот доколку сумата која ќе ја побара Челси не е премногу голема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани