Исландскиот фудбалер од редовите на Џенова, Алберт Гудминдсон, се соочува со сериозни проблеми откако беше обвинет за сексуален напад и силување од една негова сонародничка.
Инцидентот се случил минатата година во Рејкјавик, а девојката пријавила дека фудбалерот прво ја нападнал во еден локален ноќен клуб, а потоа пробал насила да има сексуален однос со неа во тоалетот. Гудмунсон тврди дека не го сторил делото и веќе ја подготвува својата одбрана со адвокатскиот тим, а доколку биде докажана вина, му се заканува затворска казна од дури шеснаесет години!
Според медиумите во Исланд, првото рочиште за случајот ќе се одржи наесен, по што ќе биде позната судбината на фудбалерот за кој има огромен интерес од неколку европски великани. Алберт Гудмундсон сезонава беше еден од предводниците на Џенова и забележа учинок од 16 голови и пет асистенции.