Со Гатузо нема шега, Дајаку беше бесен при замена, па си доби казна (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Хајдук, Леон Дајаку беше казнет поради своето однесување за време на натпреварот од минатото коло на ХНЛ.

Дајаку беше многу лут поради замена во 57 минута против Славен, па по излегувањето го фрли шишето во клупата за резервни фудбалери. Хајдук во тој момент водеше, а реакцијата на фудбалерот не мина незапазено.

Гатузо реши да го казни поради овој потег. Италијанскиот стратег го натера фудбалерот да плати вечера за целата екипа, а тогаш Дајаку се извинил за своите постапки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани