Словенија со спектакуларен гол го победи Казахстан (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во натпреварот од четвртото коло од „Б“ сегментот од Лигата на Нации, Словенија со 1:0 го победи Казахстан.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Јан Млакар во 55. минута и тоа беше еден спектакуларен гол, еден од најубавите во сезоната.

Словенија во поголемиот дел од натпреварот беше подобар противник, иако и Казахстан имаше свои шанси во првото полувреме.

Со овој триумф Словенија дојде до седум бода колку што има и Норвешка на првата позиција, три помалку има Австрија, но овие две селекции денес од 20:45 часот го играат својот натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани